еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жена од Скопје пријавила дека наставник поттикнувал малолетник физички да го нападне нејзиниот син

Жена од Скопје денеска пријавила дека на 19 мај на час во основно училише во Карпош по претходно недоразбирање меѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот го поттикнувал другиот малолетник физички да го нападне нејзиното дете.

Според пријавеното, како што соопшти МВР, малолетникот на 19-ти месецов во училишниот двор го турнал нејзиниот син, по што настанот е пријавен кај училишниот психолог.

Истиот малолетник, според пријавителката, подолг период ги малтретирал и нејзините други два сина кои учеле со него.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) Во нова „бомба“ за Заев се споменува адвокатот Димишков

Редакција

Народна банка: Што треба да знаете за крипто-валутите и вложувањето во нив

Редакција

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно

Редакција