еМагазин
Image default
Балкан

Српскиот професор за глума Мика Алексиќ, осомничен за силување, останува во притвор

Српскиот професор за глума, Мика Алексиќ, кој е осомничен за силување и „недозволени сексуални дејствија“, останува во притвор.

Судијата на претходна постапка на Вишиот суд во Белград, одлучувајќи по предлогот за продолжување на притворот на Вишото јавно обвинителство, донесе решение за продолжување на притворот за Алексиќ, кое може да трае најмногу 30 дена, пренесуваат српските медиуми.

Притворот е продолжен поради постоење на посебни околности што укажуваат на тоа дека тој може да го повтори делото за краток временски период, како и затоа што делото за кое се товари се казнува со затвор над десет години и начинот на извршување на криминалот и сериозноста на последиците се доведени до јавно вознемирување што може да го загрози непречено и правично водење на кривичната постапка, се вели во соопштението на Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Воспитните мерки“ на Мика Алексиќ: Тој ги срамеше децата во емисија на телевизија пред очите на цела јавност

(Видео) „Воспитните мерки“ на Мика Алексиќ: Тој ги срамеше децата во емисија на телевизија пред очите на цела јавност

Мика Алексиќ за прв пат прозборе за делата за кои се товари „силување“ и „недозволени сексуални дејствија“

Фото: ТВ Лица/РТС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Поради кражби, грчките земјоделци стават ГПС на маслинките

Редакција

Турција ги обвини западните земји кои ги затворија своите конзулати за „психолошка војна“

Редакција

Грчка опозиција: Владата доцни со работата на комисиите за трговските ознаки и учебниците

Редакција