еМагазин
Image default
Македонија

Ставрески за „Фокус“: Не планирам враќање во високата политика, сакам да помогнам со своето знаење

Поранешниот министер од Владата на Никола Груевски, Зоран Ставрески во изјава за „Фокус“ вели дека не планира враќање во високата политика.

Тој стана член на работно тело во рамки на ВМРО-ДПМНЕ кое треба да ја мониторира работата на градоначалниците.

„Се работи за стручно тело кое треба да координира и да им помага на градоначалниците во реализацијата на капиталните проекти преку совети, размена на искуства и знаење.

Ефектот треба да биде поефикасна реализација на ветените проекти за подобрување на животот на граѓаните. Не планирам враќање во високата политика, се враќам во струката и сакам да помогнам со своето знаење, експертиза во финансиската сфера и искуство,“ вели Ставрески за „Фокус“.

Во работното тело кое ќе биде раководено од Христијан Мицкоски, освен Зоран Ставрески, член е и Оливер Шамбевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зоран Ставрески се врати во работните тела на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Тетово протест за правда и лоцирање на одговорноста за пожарот во модуларната болница

Редакција

Владата се надева дека заедничката комисија со Бугарија ќе изнајде решение за Гоце Делчев, во насока на добрососедство

Редакција

Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски се сретна со папата Франциск во Ватикан

Редакција