еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Стипендии од Битолска млекара за новозапишани студенти на УКЛО

Битолска млекара ќе додели стипендии за тројца новозапишани студенти на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, информираат од таму.

Доделувањето стипендии за упис на факултетите од овој Универзитет е дел од меморандумот за соработка потпишан со Универзитетот и Бимилк а чија цел е обединување на заедничките капацитети и ресурси за обезбедување можности за квалитетно образование, личен и кариерен раст и развој на младите од градот и околината.

Стипендиите се наменети за студентите што ќе се запишат на Ветеринарниот факултет во Битола, на Факултетот за биотехнички науки – Битола и на Техничкиот факултет-Битола.

За Битолска млекара ова е начин како општествено одговорна компанија да вложи во идните генерации и да создаде можности за младите и студентите да останат во Битола и активно со своите вештини и капацитети да ја зајакнуваат локалната заедница, посочуваат од таму.

Меморандумот беше потпишан од страна на ректорот проф. д-р Игор Неделковски и Ѓорги Петрушев, генералниот директор на Млекара АД Битола.

„Битолска млекара како значаен стопански фактор и како компанијата со развиена свесност и општествена одговорност останува цврсто посветена на поддршка на образованието, а со тоа и на локалната заедница. Оваа соработка создава можности пред сѐ за студентите, но и за општеството, кое добива квалитетно образовани кадри на еден високо реномиран Универзитет.

Веруваме дека на овој начин ќе им помогнеме на студентите да се стекнат со квалитетно образование и ќе станат успешни членови на заедницата и со моќта на знаењето и вештините ќе придонесуваат за развој на општеството во целост“, истакна Ѓорги Петрушев, генерален директор на Битолска млекара.

Потпишувањето на меморандумот беше дел од одбележувањето 44 години од формирањето на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола.

„Ние сме тука како Универзитет да се грижиме за јавниот интерес на нашата држава, општините во кои делуваме, пред сѐ општина Битола како главно јадро. Нашата најголема мисија денес е задржување на младите во своите родни градови, не само преку миграцијата во странство, туку и внатрешната миграција кон главниот град.

На тој начин, преку зајакнување на соработка со бизнис заедницата сакаме да овозможиме просперитет на нашите општини, во нашиот регион“, истакна ректорот проф. д-р Игор Неделковски.

Со потпишувањето на овој Меморандум Бимилк ја продолжува и продлабочува соработката со УКЛО, што се одвива во континуитет и вклучува различна помош и поддршка, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седумка на Лото од 1,76 милион евра во Охрид

Редакција

(Фото) Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди во Македонија

Редакција

Македонија2025 ќе додели две Признанија за придонес на припадниците на дијаспората

Редакција