На 23.06.2020 во СВР Битола, лекар од детското одделение при Клиничка болница Битола пријавил дека кај нив било донесено 13 – годишно девојче од битолско село, кое изјавило дека истиот ден нејзиниот стрико ја допирал по интимните делови на телото, информира МВР.
На 24.06.2020, по извршени проверки, а во врска со пријавата, во 02.30 часот во СВР Битола лишен е од слобода А.Џ.(37) од битолско село и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.