Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, за случајот во кој во домот на неговите родители во Неготино, заѕидани во ѕид беа пронајдени 350 илјади евра.
Судијата, кој по откривањето на случајот беше суспендиран, на стартот на судењето се изјасни за невин и за двете кривични дела за кои се гони – „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари“.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција меѓу друго тврди дека парите ги стекнал незаконски, истите ги надминуваат неговите месечини примања како судија, и дека истите не ги пријавил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како биле откриени 350. илјади евра во домот на судијата Ѓоко Ристов
Како што е познато парите беа најдени завиткани во фолија во 13 пакувања по банкноти од по 500 и 200 евра.
Парите беа откриени откако беше уапсен поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа, кој беше уапсен при примање 50.000 евра, а истите биле наменети за посредување кај Ристов за случај за бизнисменот Љупчо Пецов-Ѓаволот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фехми Стафа признал вина за 50 илјади евра поткуп, доби 15 месеци затвор
Одбраната на Ристов пак тврди дека за обвинението против него нема цврсти докази, дека случајот е конструиран врз претпоставки, дека парите биле сопственост на неговите родителите и дека истите биле легално стекнати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендицата ја нема во анкетниот лист на судијата Ѓоко Ристов
На кои случаеви работел судијата Ѓоко Ристов во чиј дом беа најдени 350 илјади евра
Судијата Ѓоко Ристов остана без имунитет и пасош, оди во куќен притвор














