Жена загина во пожар во скопската населба Пинтија

Жена на возраст од 85 години загина по пожар во скопската населба Пинтија, кој се случил денеска во раните утринински часови.

Станува збор за М.В., а пожарот се случил во куќата на нејзината ќерка, С.К. (45), каде што живеела починатата.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Засега не се познати причините за пожарот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести