
Која е обвинителката Ленче Ристоска, која поднесе оставка
Обвинителката Ленче Ристоска од Основното јавно обвинителство (ОЈО), е во фокусот на јавноста откако поднесе оставка. Истата следи откако таа од страна на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески беше изземена од предметите “Талир 1“ и “Талир 2“, поврзани со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).




























