Друштво за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје лани остварило поголеми приходи од продажба споредено со претходната година, покажува финансискиот извештај на Друштвото објавен преку Македонската берза.
Но, добивката пред даночување е драстично намалена. Лани таа изнесувала 732,2 милиони денари, а претходната година била 1,7 милијарда денари.

Фото: Унсплеш














