еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Телеком Србија втора година по ред најголема и најуспешна компанија за телекомуникации во регионот

Преку континуирано иновирање, воведување нови квалитетни услуги и понуда која овозможува едно поинакво дигитално искуство за корисници, Телеком Србија групацијата втора година по ред ја обезбеди титулата „најголема и најуспешна компанија за телекомуникации“ во сите земји од поранешна Југославија, информираат од таму.

Според рангирањето кое што го прави угледниот хрватски бизнис магазин „Медиа Дејли“, српската телекомуникациска компанија, која во Македонија е присутна со својата фирма-ќерка МТЕЛ, според своите приходи и успешност ги надминува и светските телекомуникациски гиганти присутни со свои компании во регионот, како А1 и Дојче Телеком.

„Потврдено е дека сме убедливо најголема и најуспешна компанија за телекомуникации во сите земји од поранешна Југославија, втора година по ред. Дури ја зголемивме разликата во однос на второпласираниот Хрватски телеком за повеќе од 200 милиони евра приходи, што во минатото речиси беше незамисливо.

Во претходните пет години успеавме да ги зголемиме приходите за цели 50 отсто, тоа за нашата индустрија е огромен резултат. Сето ова покажува колку е успешна трансформацијата на Телеком Србија, на која што работиме од 2018 година“, изјави неодамна генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ.

Компанијата во изминатите години успешно се промовираше во оператор кој што целиот регион го повлекува напред кон сеопфатна дигитална трансформација.

Во овој момент компанијата пружа услуги кон речиси 11 милиони корисници на седум телекомуникациски пазари – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Австрија и Швајцарија, Германија.

Плановите на Телеком Србија, согласно изјавите на менаџментот, и за во иднина се особено амбициозни со намера да се прошири делувањето и во други земји во Европа, но и во САД, велат од таму

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска е Прочка, како и кому да простиме

Редакција

Беспилотното летало, кое се урна во Загреб, носело бомба од 120 килограми која експлодирала под земја

Редакција

(Фото) Македонија била воздржана за резолуцијата на ОН за итно примирје во Газа

Редакција