Тело на жена која се водела за исчезната е пронајдено синоќа во атарот на гостиварското село Неготино, информираа од Основното јавно обвинителство Гостивар.
Истото е пронајдено закопано во дупка.
Засега нема официјални информации за нејзиниот идентитет, а нејзиното тело е дадено на обдукција.
Од Обвинителството велат и дека е извршен увид и дека се собираат траги од лице место.
Засега се уапсени две лица, чии идентитет не е познат. За едното осомничено лице е одреден притвор од 48 часа, а другото било задржано, и за него се вршат проверки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ













