Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето “Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1)“.
Во истото се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна, велат од таму.
Еден од случаевите е и тендерот за ангажирање експерти за коридорите 8 и 10-д.
Тендер за ангажирање експерти за коридорите 8 и 10-д
Трошоците за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10-д продолжуваат да растат. Покрај договорите за изградба и за надзор, во ноември 2025 година е склучен и договор за техничка експертска помош за вработените во Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта во вредност од 3,8 милиони евра, се вели во истражувањето.
-Тендерот за експертска помош е спроведен врз основа на стара проектна програма, изготвена пред почетокот на градежните активности на коридорите и откако веќе биле потрошени 381 милион евра.
Договорот следува две години по формирањето на посебната проектна единици за изградба на автопатските делници и откако бројот на вработени во претпријатието се зголемил за 42 % (од 352 на 501).
Хонорарите на ангажираниот македонско-српски експертски тим се движат меѓу 13.000 и 23.000 евра месечно, по експерт. Сепак, најголем дел од експертите ќе бидат ангажирани по 50% од нивното време, а дел и помалку, се вели во истражувањето.
За 4 години ангажман, тим-лидерот ќе наплати 550.000 евра, се посочува во истото.
-Осуммина експерти ќе чинат меѓу 272.000 и 500.000 евра, секој од нив поединечно, додека четворица се со договори со пониска вредност – меѓу 38.000 и 156.000 евра.
Во тимот на експерти е и лице од проектната единица за имплементација на проекти на Светска банка формирана во Министерство за транспорт. Нејзиниот месечен надоместок во Министерството, според податоците на Отворени финансии, изнесува 1.600 евра бруто (99.000 денари) месечно, а како експерт, „Државни патишта“ ќе ја плаќаат 10 пати повеќе, односно 15.600 евра месечно.
Иако проценетата вредност не била јавно објавена, понудата на единствениот понудувач е речиси идентична со интерната проценка од 236 милиони денари. Државни патишта не доставија прецизна пресметка како е утврдена вредноста на овој тендер, стои во истражувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада














