Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето “Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1)“.
Во истото се анализирани конкретни случаи на потенцијално незаконски спроведени тендерски постапки во коишто грижата за јавните пари не била примарна, велат од таму.
Еден од случаевите е и тендерот за корисниците на народни кујни во Скопје.
Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје
Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во согласност со условите утврдени во тендерската документација и понудата, што е спротивно на Законот за јавни набавки, велат од ЦГК.
-Тендерската документација на Министерство за социјална политика, демографија и млади упатува на постоење простории кои служат како народни кујни, но во пракса, на 7 од 9. наведени локации, храната се дели директно на улица.
Податоците во тендерската документација претставувале основа за формирање на цената по оброк, при што наведените услови имаат директно влијание врз реалноста и оправданоста на договорената цена, стои во истражувањето.
Оброците кои државата ги плаќа по 239 денари се значително повисоки од малопродажните цени на производите од кои се составени тие, се посочува во истото.
-Реализацијата на договорот за јавна набавка отстапува од условите утврдени во склучениот договор и во однос на менијата. Во одредени денови недостигаа супа, овошје и сирење, а во поединечни случаи, испорачаните количини не беа според договорот.
Наместо нaведените 2 часа, за дистрибуција и сервисирање на храната на секоја поединечна локација, комбињата се задржуваат од 15 до 30 минути, се вели во истражувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














