Членови на Македонско-хрватското друштво (МХД) и еколошко – нуркачкиот клуб „Пена“ од Тетово минатата недела беа дел од еколошката акција во Хрватска, каде се собрани неколку тони отпад од Јадранско море.
Еко акции биле спроведени во Молунат и Шибеник.
– Овој пат имавме вкупно четири нуркачки активности, на повеќе локации, меѓу кои и во подводната пештера кај Молунат. Ние учествувавме со шест членови на друштово и клубот „Пена“.
При главната еколошка акција во Шибеник, собрани беа неколку тони отпад од морето, од различен вид: пластични шишиња, стакло, автомобилски гуми, тоалет-школки и др, информира Горан Видачек, претседател на МХД.
Делегацијата на МХД при неколкудневната посета на Хрватска оствари и повеќе средби со претставници на тамошни клубови и организации, гостуваа на изложба и промоција на книга.
МИА/Фото: Photo by Joseph Northcutt on Unsplash