Тимови од Пулмологија ќе прават скрининг на жителите во Трубарево

Утре и задутре, тимови од Клиниката за пулмологија ќе прават скрининг на жителите во Трубарево и околината. Скринингот ќе го вршат две екипи со две амбулантни возила и ќе опфати комплетен клинички преглед, спирометрија, ЕКГ и други потребни прегледи.

Министерот за здравство Азир Алиу ги повика граѓаните кои ценат дека треба да посетат доктор, да се пријават на овој скрининг, а доколлку има потреба со испитувања ќе продолжат и во Клинички центар.

„Во зависност од почетните испитувања, ако може да се постави дијагноза или да се докаже дека нема никакво оштетување на нивните бели дробови, останува да се ревидира терапијата што ја имаат и ако има потреба тогаш ги упатуваме во нашата Клиника за пулмологија и алергологија, да може да ги продлабочиме испитувањата и по потреба да се даде соодветна терапија,“ изјави директорот на Клиника за пулмологија и алергологија, Оливер Зафировски.

Се стравува дека пожарот во Трубарево, при што гореше електронски отпад, ќе остави трајни последици врз загадувањето на почвата и водите, а со тоа и врз здравјето на граѓаните.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести