Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе ги зголемат тарифите за автомобили и камиони од Европската унија (ЕУ) на 25%, од досегашните 15, а мерката ќе стапи на сила веќе следната недела.
Трамп го обвини Брисел дека не го почитува трговскиот договор со Вашингтон, а целта е да се принудат европските производители побрзо да го префрлат производството во САД, истакнувајќи дека нема да има тарифи за возила произведени во американски фабрики.
Европската комисија веднаш ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека ЕУ не ги прекршува договорите и најави дека ќе ги разгледа сите опции за заштита на европските интереси доколку САД продолжат со мерките.
Фото: еМагазин.мк














