Владејачката партија ЗНАМ е во фокусот на јавноста откако пратеник Миле Цеков ја напушти нејзината пратеничка група во македонското Собрание, но и партијата.
Тој сега ќе делува како независен пратеник.
Како што информираше, ваква одлука донел поради тоа што не се реализирале очекуваните промени во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеникот Миле Цеков го напушти ЗНАМ, ќе делува како независен
Како причини за напуштањето на партијата ги наведе и корупцијата, селективната правда, нефункционалноста на институциите…
Од ЗНАМ, пак, во нивната реакција, меѓу друго посочија дека за нив не било изненадување неговата одлука, бидејќи подолг временски период било јасно дека тој политички и вредносно се оддалечувал од принципите и програмата на партијата.
ЗНАМ на последните парламентарни избори во 2024 година освои шест пратенички места.
Сега има пет пратеници: Бобан Карапејовски, Весна Бендевска, Даниел Стојчевски, Даниела Белимова и
Павле Арсоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил пратеникот Цеков, кој ја напушти ЗНАМ
Кој е пратеникот Миле Цеков, кој ја напушти ЗНАМ и ќе делува како независен
За ЗНАМ не било изненадување што пратеникот Цеков ја напушти партијата
Фото: ЗНАМ














