Денеска (10.08.2026) во 07:40 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на магистрален пат во близина на каменолом во Гостивар, помеѓу товарно возило и четири патнички моторни возила.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле три малолетни деца и едно женско лице кои биле во едно од возилата, констатирани во Медицински центар во Гостивар.
Увид на местото врши екипа од ОВР Гостивар.
Фото/Unsplash














