Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири, а дизелот за осум денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 87 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 89, а дизелот за 91,5 денари за литар.
За шест денари се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство, и тоа ќе се продава за 92,50 денари.
Цената на мазутот пак се намалува за 2,881 денари и ќе чини 43,538 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














