Tриглав Осигурување со раст на добивката за 74% во првите три месеци

Во првите три месеци од годинава Tриглав Осигурување АД Скопје оствари нето добивка од работењето во износ од 47,4 милиони денари, што е за 74% повеќе од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Нето приходите од премија за 2026 година изнесуваат 319 милиони денари, што претставува зголемување во однос на 2025 година за 6%, односно за 19 милиони денари.

Гледано аналитички, причините за растот се: растот на бруто премијата за 14 милиони денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата, а значаен раст се забележува во класите за осигурување на имот од пожар (раст од 12 милиони денари) и осигурување на финансики загуби (раст од 8 милиони денари), растот на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 27 милиони денари, што делуваше негативно на нето премијата и промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2025 година, што влијаеше позитивно за 32 милиони денари, велат од таму.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 16 милиони денари и се за 10% пониски од 2025 година, генерално поради намаленото финансиски портфолио на Друштвото (вложување во деловен простор), посочуваат од таму.

-86% од овие приходи се однесуваат на камати, 4% на позитивни курсни разлики, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини.

Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирани и нереализирани добивки на хартии од вредност.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 44 милиони денари и се повисоки за 42% во однос на минатата година, во согласност со растот на премијата предадена во реосигурување.

Oстанатите осигурителни приходи, заедно со останатите приходи се зголемени за 2% (0,1 милион денари) поради повисоки приходи од услужни штети, велат од таму.

Нето расходите за штети се во износ од 112 милиони денари и се за 3 милиони денари (3%) повисоки од минатата година.

-Гледано аналитички, причините за растот се: падот на бруто ликвидираните штети за 17 милиони денари, што делуваше позитивно на нето расходите за штети, растот на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 12 милиони денари, што делуваше позитивно на нето расходите за штети, промените во нето резервите за штети во споредба со 2025 година, делуваа негативно за 32 милиони денари.

Останатите технички резерви се за 5 милиони денари зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 10 милиони денари и се пониски за 3 милиони денари во однос на минатата година.

Најголем износ на попусти отпаѓа наосигурување на каско моторни возила (3 милиони денари) и здравствено осигурување (3 милиони денари).

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2026 година изнесуваат 129 милиони денари, што претставува пад од 3% или 4 милиони денари во однос на истиот период претходната година.

Влијание за падот имаше позицијата „трошоци за стекнување“ со пад од 4 милиони денари. Дополнително, пад има и кај трошоците за услуги во износ од 8 милиони денари.

Трошоците од вложувања се минимални (износ од 0,1 милиони денари). Разликата во однос на 2025 година е поради имплементација на стандардот МСФИ 16, каде каматата за договорите за лизинг се пресметува во оваа позиција.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 15 милиони денари, односно за 0,2 милиони денари (1%) повисоки од 2025 година, поради растот на трошоци за пожарен придонес и финансирање на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Вредносно усогласување на побарувањата е зголемено за 2,5 милиони денари, за разлика од минатата година кога беше забележано намалување на исправката од 3 милиони денари. Придонес кон растот имаше зголемената бруто премија, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Успехот не е соло приказна и се гради со доверба, тимска работа и посветеност – Триглав Осигурување Живот АД Скопје докажува дека женското лидерство создава успех

Фото: Tриглав Осигурување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести