Еден од вработените во Општина Дојран што доби кривична вели дека не ја извршувал функцијата наведена од СВР Струмица

Лицето што од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица, Т.З. (37), доби кривична пријава и беше наведен дека во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран изготвил одобрение за градење хотелски објект на инвеститор од Струмица, преку електронска пошта до медиумите бара исправка на описот на неговата функција.  

Вели дека во периодот на кој се однесува кривичната тој бил распореден на друго работно место.

-Во периодот од 18.04.2023 година до 25.12.2024 година бев распореден на работно место „Соработник за заштита на животната средина“ согласно Одлуката за избор бр.04-268/7 од 18.04.2023 година. 

Функцијата „изготвувач“ на одобрението не претставува вршење инспекциски надзор, ниту овластување за одлучување.

Согласно Овластувањето со бр.04-625/1 од 19.06.2023 година, немам статус на службено лице во смисла на чл.353 од КЗ, бидејќи немам дискреционо право да одлучувам.

Контролата и одобрувањето се во надлежност на тој што се потпишал како контролор и одобрувач, а конечното потпишување на градоначалникот. Пријавата против мене е неоснована, се вели во неговата реакција.

Во прилог на реакцијата тој има прикачено и решенија за функциите на кои бил избран на 18.4.2023 и 25.12.2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за поранешен градоначалник на Дојран, Ангов и вработени во Oпштината

Каков имот пријавил Анго Ангов, поранешниот градоначалник на Дојран, кој заработи кривична

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести