еМагазин
Image default
Локално

Турчин лажно пријавувал сонардници на меѓународен универзитет во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против О.Х.Х.(24) од Република Турција, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,измама” и ,,фалсификување исправа”, информира МВР.

Во периодот од 21.07.2017 до 03.08.2018 година пријавениот, откако набавил оригинална потврда за прием на студент за упис на меѓународен универзитет од Гостивар, изготвил четири лажни пријави за прием на студенти за четири државјани на Република Турција.

После тоа, лицата му дале 76.775 денари за уплата за упис, за што пријавениот им приложил фиктивна уплатница за наведениот износ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21-годишник убил 31-годишен професионален војник на АРМ

Редакција

Не била пријавена никаква родителска негрижа за починатото дете во пожарот во Гостивар, кое било врзано со ланци

Редакција

Кривична пријава за шоферот кој возеше 13 мигранти во „Опел Астра“

Редакција