еМагазин
Image default
Балкан

Турист од Англија кој бил на Кефалонија, прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ во Грција

Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) го испитува првиот сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, а станува збор за турист од Англија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ кусо соопштија дека туристот, заедно со неговата придружничка, која е без симптоми, се хоспитализирани во атинска болница, а резултатите од земените примероци и испратени во лабораторија ќе бидат достапни утре.

Според грчките медиуми, 29-годишниот Англичанец, заедно со неговата пријателка биле на одмор на Кефалонија, каде што и му се појавиле првите симптоми, меѓу кои и осип на кожата и од локалниот здравствен центар, со авион бил пренесен во атинската болница „Атикон“.

Националната организација за јавно здравје на Грција во петокот преку соопштение информираше дека во соработка со европските организации, но и Светската здравствена организација внимателно ја следат ситуацијата и на граѓаните им препорача да ги следат упатствата на лекарите во случај на осип или невообичаено оштетување на кожата.

Објаснија дека болеста се пренесува од човек на човек преку контакт со кожни лезии, телесни течности и/или контаминирани предмети на пациентот, како и преку респираторни капки по продолжен близок контакт на кратко растојание, а симптомите вклучуваат треска, главоболка, исцрпеност, а најчесто се појавува и карактеристичен осип еден до пет дена по почетокот на симптомите.

-Иако не постои специјална терапија, повеќето пациенти целосно закрепнуваат во рок од неколку седмици. Појавувањето случаи во Велика Британија без претходно патување, како и појавувањето спорадични случаи во други европски земји укажуваат на тоа дека болеста најверојатно се шири во заедницата.

Се нагласува дека врз основа на досегашните епидемиолошки податоци, опасноста за општата популација е низок, бидејќи болеста е обично лесна и се самоограничува, со релативно мало ширење, соопштија во петокот од Националната организација за јавно здравје на Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку „мајмунските сипаници“ се опасни по здравјето: Кои се симптомите и како се пренесуваат

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Грција поплавена: Невремето ќе беснее уште два дена, затворени училиштата во Атина, Евија и Халкидики

Редакција

Суд во Загреб пресуди дека хомосексуална двојка може да згрижи дете

Редакција

Туристите кои предвреме го прекинаа одморот на Родос поради пожарите, една недела бесплатно ќе одмараат во Грција

Редакција