Во првот месец од оваа година се реализирани 97,02 осто од планираните приходи по основ на даноци.
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска одговорајќи на новинарско прашање, денеска на прес-конференција соопшти дека планираните приходи за јануари 2021 година изнесувале 6,521 милијарди денари и дека од планираното е реализирано 97,02 отсто.
Одделно по даноци, соопшти таа, прибрани се 703 милиони по основ на данок на добивка, 1,332 милијарда денари од данок на личен доход и 4,486 милијарди од ДДВ.
– Со тоа што го имаме како состојба од 1 до 31 јануари и од 1 до 5 февруари 2021 година, досега имаме 6.830.094.291 денари и ако го споредиме со истиот период лани сега имаме раст од 12 проценти.
Но, за февруари да почекаме да заврши целиот месец за да ја имаме и комплетната слика за првите два месеца од оваа година, истакна Лукаревска.
МИА