Уапсен 35-годишен кумановец кој два дена на сила држел познаник и го принудувал на секс и користење дрога

Кумановец на 35 годишна возраст е уапсен откако два дена против негова волја во неговиот дом држел познаник и го принудувал на секс и користење дрога.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) станува збор за Д.П., кој бил уапсен вчера.

Тој се сомничи дека од 23 часот на 29. мај до 7 часот на 31. мај со употреба на сила држел 36-годишен маж од Куманово.

Во тој период тој повеќепати физички го нападнал мажот и го принудувал орално да го задоволува, како и да користи дрога.

Кај осомничениот полицијата пронашла и одзела марихуана, мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети за кои постои сомение дека се поврзани со кривичното дело.

Осомничениот е задржан во полициска станица. За него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести