еМагазин
Image default
Локално

Ученички од основно училиште консумирале екстази на екскурзија и се однесувале агресивно

На 29 мај во 12.28 часот во СВР Скопје, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основното училиште од Скопје.

„По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 11.00 часот во село Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош.

Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестте повредени лица при експлозијата на боца во Матејче се со изгореници на лице и раце

Редакција

Тешко повредени двајца пешаци откако во нив удрил автомобил

Редакција

Тешко повреден мотоциклист: Се „тумбал“ со крос-мотор на Шар Планина

Редакција