Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека од денес попладне до петок, во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град.
Во Скопје денес во попладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да се има поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Фото: Unsplash