еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Уште малку време пријавување за Скопје на точак: Извадете точаците, стари и нови! Време е за Скопје на точак

Замислете град со стотици илјади точаци. Тоа било Скопје во 60-те години кога немало место каде да го паркираш својот велосипед. Стари и нови, од пони до партизан велосипеди, мали и големи, сите вртеле педала низ улиците во градот покажувајќи дека животот може да тлее во здрава средина, без издувни гасови, стигнувајќи на работа, дома, во школо, на факултет, на средба, секаде со велосипед.

Време е да се врати духот на минатото и да им се покаже на сите граѓани на Скопје дека градот може да живее на велосипед. Сојуз на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје во недела, 11.11.2018, во 11.00 часот, го организира велосипедскиот караван Скопје на точак со партнерите Бајк центар и Пробајк Скопје.

Секој е поканет да се пријави и да дознае повеќе за оваа иницијатива на www.sportskopje.mk/skopjenatocak. Тука може да најдете информации и за наградите во склоп на лотаријата која ќе се одржи по самиот круг низ градот.

Учеството е бесплатно и ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час. За да се вози на велосипед на овој настан секој мора да е пријавен и да го подигне своето стартно бројче. Агендата е:

-11:00 – 12:00 поделба на стартни броеви – лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос на бул. Илинден)

-12:00 Старт на караванот

-12:30 Крај на караванот

-12:35 – 13:00 Лотарија

-13:00 – 13:30 Велосипедски дружења

Стартот на Скопје на точак е од Булевар Илинден кај фонтаната Лотос со правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево по улица М. Т. Гологанов и се вози право до Католичка црква.

Од таму се продолжува по М. Т. Гологанов, па по улица Димитрие Чуповски, потоа право по бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул. Кочо Рацини. Таму се вози преку мостот по бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози по бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучува на бул. Илинден и се доаѓа на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.

Пријавувањето е бесплатно на www.sportskopje.mk/skopjenatocak и завршува во сабота, 10 ноември 2018 година, во 23.59 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австралијанецот, со македонски корени Џим Ристевски повторно со хуман гест: Собра 28.000 австралиски долари за хемотерапија на малиот Јаков

Редакција

„Shooting Star“ за 2021 година: Македонката Сара Климоска една од десетте европски актерски имиња

Редакција

(Видео) Нов подвиг на младиот Марко Пејчиновски: Преплива 21 км од Струга до Пештани

Редакција