еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот на Европскиот совет, Мишел во Охрид ќе се сретне со Пендаровски

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел доаѓа посета на Македонија.

Мишел во „Вила Билјана“ во Охрид ќе се сретне со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Како што соопштија од Kабинетот на претседателот, Пендаровски и Мишел ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе одржат заедничка прес-конференција.

Мишел кој е во мини балканска турнеја, ќе биде гостин на вториот Преспа форум за дијалог што ќе се одржи во Охрид од утре до 18 јуни во организација на Владата.

Форумот ќе го отвори Пендаровски, а на првата сесија на високо ниво според најавите ќе говорат и претседателите на Слованија, Борут Пахор, на Хрватска, Зоран Милановиќ, на Косово, Вјоса Османи – Кадриу и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Пред да ја посети земјава Мишел беше во посета на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово. 

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Илинден“: Вистината на виделина за измислените Бугари во Албанија

Редакција

Вишото обвинителство Скопје побара да се одбијат жалбите од обвинетите во „Транспортер“

Редакција

Во Штип ќе се постави монтажна болница за бранот на Ковид-19 од септември

Редакција