еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

В сабота за првпат инклузивна штафетна трка „Заедно до целта“

Здружението на граѓани „Куќа на среќата“ и Mama’s, во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје и хуманитарната организација „Свети Спас“, за првпат организира хуманитарна инклузивна штафетна трка – „Заедно до целта“, в сабота, на Школка во Градскиот парк, од 11 до 14 часот.

Трката е од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.

Целта на трката, како што велат организаторите, е низ дружење, смеа, трчање и игра да се испрати порака дека заедно можеме побрзо кон инклузивност, разбирање, прифаќање и сакање на лицата со попреченост.

Сите тимови кои ќе учестуваат во трката трчаат штафетно, мора да бидат инклузивни и составени од шест лица (две лица типични, две лица атипични (видлива, невидлива попреченост) и две лица асистенти кои ќе трчаат заедно со атипичните лица).

Фото: Здружението на граѓани „Куќа на среќата“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 397 оздравени од Ковид-19

Редакција

Дури 22 лица во Македонија починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

На Љупчо Палевски во Турција му е одреден привремен затвор од 40 дена

Редакција