еМагазин
Image default
Свет

Вакцината Спутник V штити најмалку девет месеци, тврдат од Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија

Директорот на Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, Александар Гинзбург изјави дека е докажано оти вакцината Спутник V против Ковид-19 обезбедува имунитет најмалку девет месеци.

– Моментално, експериментално можеме да гарантираме дека вакцината Спутник V обезбедува имунитет околу девет месеци и малку повеќе од тоа, рече Гинзбург за телевизијата „Русија 24“.

Тој додаде дека тој и голем број други истражувачи од Институтот „Гамалеја“ биле меѓу првите луѓе кои ја примиле Спутник V.

– Нивото на нашите заштитни антитела во моментов одговара на нивото што ни овозможува на сите да донираме плазма за оние кои ја имаат оваа болест, изјави рускиот научник.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Загинаа најмалку 10 лица: Во Кина се урна хотел-карантин за лица сомнителни на коронавирусот

Редакција

(ВИДЕО) Кина претстави прототип на супербрз воз, кој достигнува 620 километри на час

Редакција

Ќе го одржи ли контроверзниот Борис Џонсон ветувањето за Брегзит до 31 октомври?

Редакција