еМагазин
Македонија

Вакцинирањето во Охрид ќе се одвива во салата „Билјанини извори“

Во тек е подготовка на спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид каде наскоро ќе започне масовна имунизација на жителите од овој регион, објави на својот Фејсбук-профил, министерот за здравство, Венко Филипче.

Во салата се подготвуваат 28 вакцинални пунктови, на кои дневно е во план да се вакцинираат над 1.500 граѓани.

„За вакцинација во салата се ангажирани 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работат во две смени.

Во тек е подготовка на спортски сали за масовна вакцинација во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово,“ напиша Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 102 пациенти до Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово

Редакција

Каде ќе го обележат 2. Август Сиљановска, Мицкоски и Гаши

Редакција

Поранешниот телохранител на Мијалков, Драганчо Стоименов избегал од домашен притвор

Редакција