еМагазин
Image default
Забава

Васил Гарванлиев останува македонски претставник за Евровизија

Македонската Радио Телевизија објави отворен повик до автори и музички продуценти од земјава и странство за избор на оригинална, необјавена, современа, авторска композиција, којашто ќе биде изведена на Изборот за Песна на Евровизија, 2021 во Ротердам, Холандија, информираат од таму.

“Со цел квалитетно и достоинствено претставување на МРТ и Северна Македонија на најпрестижното музичко натпреварување во Европа, Избор за Песна на Евровизија, Македонската Радио Телевизија како носител на лиценцата, ги повикува сите еминенти, но и млади автори да ги испратат своите креативни музички дела и на тој начин да ја зголемат конкуренцијата во селекцијата на песната, којашто Васил Гарванлиев, како македонски претставник, ќе ја изведе на 65-тото издание на Изборот за Песна на Евровизија 202, во Ротердам, Холандија“, велат од таму, дополнувајќи дека демо снимката со максимално времетраење до 3 минути, според евровизиските пропозициите треба да е квалитетно изработена, со разбирлива вокална линија и хармонија.

Демо снимката може да се испрати на следната е-маил адреса: [email protected]

Отворениот повик трае до 27.01.2021 година.

Како што е познато лани поради пандемијата со Ковид-19, Евровизија не се одржа, а преставник на Македонија требаше да биде Гарванлиев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васко Ефтов доби син

Редакција

Антологиската серија Lawmen: Bass Reeves ќе биде достапна ексклузивно на стриминг платформата SkyShowtime од 18. декември

Редакција

На „Тиквешки гроздобер“ испиени над 25 тони вино, имало над 120 илјади посетители

Редакција