еМагазин
Балкан

Веста за смртта на Балашевиќ и во „Вашингтон пост“: „Остана омилен на етнички поделениот балкански регион по војната“

Освен балканските медиуми, во кои смртта на балканската ѕвезда Ѓорѓе Балашевиќ денеска е топ тема, за ова извести и познатиот американски весник „Вашингтон пост“ .

„Балашевиќ својата кариера ја започна кон крајот на 70-те и почетокот на 80-те, најпрво настапувајќи во бендови, пред да стане солист со својата мека поп музика и духовити текстови.

Кога Југославија се распадна и избувна етничка војна во раните 90-ти, Балашевиќ отворено се спротивстави на национализмот кој ги подгреваше немирите.

Поради неговите ставови, главните медиуми во Србија, го избегнуваа Балашевиќ за време на војната,“ пишува „Вашингтон пост“.

Во текстот се додава дека „останал омилен на етнички поделениот балкански регион по војната, полнејќи концертни сали во сите земји кои произлегоа од поранешните југословенски републики.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Загреб му ја исполни желбата на Балашевиќ

(ВИДЕО) Како сограѓаните на Балашевиќ во Нови Сад се простија од него: „Словенска“ во еден глас

Авалон продукција: „Ѓоле не може да умре тој само одмара, додека неговите песни лечат душа“

Почина неповторливиот Ѓорѓе Балашевиќ: „Се скрши багремот“ под налетот на Ковид-19

Фото: Фејсбук/Авалон продукција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ќе ја одложи таксата за транзит на руски гас низ нејзина територија

Редакција

Српскиот министер за одбрана Вулин обвини дека Скопје е центар за разузнавачки активности против Србија

Редакција

Трифонов го нападна Петков оти сакал старт на преговори на Македонија со ЕУ до крајот на јуни, без гаранции за правата на Бугарите

Редакција