еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Петличковски: Вакцините се најефикасно оружје против пандемијата

„Ковид-19 е болест од којашто умираат околу два отсто од заразените. Вакцинирањето нуди драматично подобрување на овие статистики и елиминирање на шансата за смрт и екстремно големо намалување на шансата за тешка болест. Нема логика да се плашиме од некакви хипотетски алергиски реакции, а да не се плашиме од шансата 2/100 пациенти да завршат фатално“, вели проф. д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, во рамки на видео – рубриката „Збор, два“, која ја подготвува Општина Карпош.

Професорот Петличковски ги објаснува придобивките од вакцинирањето, а негативните последици ги оцени како минорни.

– Се работи за ефикасност (на вакцините) од околу или над 90 проценти, независно која е вакцината. Имаме 9 од 10 луѓе кои ќе бидат заштитени, и кај нив апсолутно нема да се очекува да се случува тешка инфекција, а покрај тоа, шансите за смртен исход ќе бидат минимални.

Тоа е бенефитот кој го очекуваме од вакцинирањето. Значи, сакаме болеста Ковид-19 да не е веќе опасна болест. Во моментов таа е опасна или многу опасна за повеќе од два проценти од заразените.

Со комплетирањето на вакцинирањето, ќе имаме помалку од 0,001 процент на тешко болни и се надеваме дека нема да имаме ниту еден смртен случај од групата на вакцинирани луѓе, зборува Петличковски.

Тој посочува дека луѓето кои веќе го прележале вирусот и имаат стекнато природен имунитет нема логика веднаш да се вакцинираат. Но, се размислува за примање на една доза од вакцината, за прележаните од Ковид-19, по 3, 4 или 6 месеци од поминувањето на болеста.

Докторот апелира до сите граѓани да не потпаѓаат на лажните вести и да се информираат од релевантни извори и институции.

Само со вакцинација повторно ќе го вратиме животот во нормала и ќе биде возможна вистинската социјализација.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Докиќ: Ако имате висока температура и паѓање на сатурација во крвта, веднаш на лекар

Редакција

Пратеникот на ДУИ, Зибери е хоспитализиран на Инфективна клиника

Редакција

Клиниката „Жан Митрев“ продолжува да се грижи за деца со вродени срцеви маани

Редакција