еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Докиќ: Ако имате висока температура и паѓање на сатурација во крвта, веднаш на лекар

Д-р Дејан Докиќ во разговор за Канал 5 вели дека граѓаните кои на време доаѓаат за хоспитализација имаат многу повеќе шанси да го победат коронавирусот.

„Кај некои пациенти од се уште непознати причини настанува цитокисна бура, каде што имуниот одговор е преголем, неадекватен, несоодветен, и кај тие пациенти се користат други антиинфламаторни лекови, кортикостероиди пред се…“, вели Докиќ и посочува дека е многу е важно да се дојде навреме на лекар.

„Станува збор за оние случаи кои гледаме дека имаат висока температура, каде што состојбата наместо да се подобрува се влошува, да не се чека да поминат денови, туку веднаш да се јават во тријажните центри, каде што лекари ќе проценат дали лицето е за хоспитализација или не.

Особено важен фактор е нивото на сатурација во крвта со кислород, ако гледаат дека паѓа, веднаш треба да се обратат со барање за хоспитализација. Навременото доаѓање на лекар може да превенира смртност“, вели меѓудругото Докиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Докиќ за СП објаснува зошто толку млади луѓе умираат од Ковид-19: Сѐ е до имунитетот и до генетиката

Д-р Докиќ: Дебелината главен фактор кај младите што починаа од Ковид-19

Дел од починатите од Ковид-19 долго време се лекуваат надвор од болница, доаѓаат на лекар со многу ниска сатурација, вели Филипче

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов почнува летното сметање на времето: Стрелките на часовникот се поместуваат еден час нанапред

Редакција

(Фото) Тим од кардиохирурзи од Државна клиника, Жан Митрев и Систина ја вршеа првата трансплантацијата на срце во Македонија

Редакција

Пендаровски и Џафери на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Редакција