еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како го поминав Ковид-19, со примени две дози на вакцина

Вакцините не штитат да не се заразите, но доколку дојде до тоа, последиците да не бидат тешки и да не дојде до смртен исход. Постојаното повторување на оваа реченица од страна на здравствените експерти, ја почувствував на сопствена кожа.

Два ипол месеци од примањето на втора доза на „АстраЗенека“ се заразив со коронавирусот. Веднаш знаев дека е Ковид-19, бидејќи почувствував првични симптоми, кои до тогаш не ми беа познати.

Иритација која, многумина кои страдаат од алергии велат дека, потсетува на алергиска реакција на горните дишни патишта. Таа реакција тера на сува кашлица. И откако по кашлицата добив температура, веќе немаше сомнеж. Тестот го потврди тоа.

Првите денови, ги почувствував сите можни симптоми, кои короната си ги носи со себе. Температура, малаксаност, болки во телото, го чувствував шетањето на вирусот во секоја клетка, за што многумина сведочеле кои го поминале, главоболка, дијареа, изгубив мирис и вкус.

Но сетоа ова, и не е толку важно, во споредба со борбата за кислород по болниците. Овие симптоми се минорни, наспроти фактот, колку пациенти се борат за живот. Јас за среќа, не завршив во болница.

Кај мене, сметам дека освен генетиката (цело мое најблиско семејство се зарази и никој немаше компликации), имунииот систем и вакцината придонесе да не стигнам до тоа да ми биде потребна кислородна поддршка и да биде се во ред со белите дробови.

За една недела, два пати контролирав крвна слика, која исто така покажуваше дека организмот е мирен.

И за цело време борејќи се со инфекцијата, мирна бев и јас, знаејќи дека имам заштита. Но, секој ден, во позадина ми стоеше помислата, во кој насока ќе тргне болеста. Бидејќи со короната, никогаш не сте на „чисто“. За моја среќа, првичните симптоми поминаа, и секој ден одеше на подобро.

Мојот личен пример, се вклопува и во просечната статистика во македонското здравство дека вакцинираните поминуваат со полесна клиничка слика.

На прв симптом, затнат нос, веднаш реагирајте и следете ситуација. Вирусот е подмолен и првично потсетува на настинка. Додека се лажете, губите драгоцено време. Важно е уште на почеток да бидете сигурни со што се борите, за да знаете како да се борите.

Вакцината е право на личен избор, но треба добро да се размисли, имајќи ги предвид сите тегови на вагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се лекував од Ковид-19 по две примени вакцини и колку тоа чини

Кога се појавуваат првите симптоми дека сте позитивни на Ковид-19

Кога да се тестирате доколку сте имале контакт со позитивен на Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

21 случај на Ковид-19 од 3.219 тестирања, во Скопје осум

Редакција

Тачи: ДПА останува дел од владејачката коалиција

Редакција

18-годишник со украдено возило прегази малолетничка, која почина

Редакција