еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

18-годишник со украдено возило прегази малолетничка, која почина

Полицијата го лиши од слобода М. С. (18) од Скопје, кој се сомнични дека минатиот месец извршил неколку кривични дела – „Одземање моторно возило“, „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, „Кражба“ и „Тешка кражба“.

Од страна на судија на лицето му е изречена мерка притвор од 30 дена, соопшти МВР.

Лицето М.С. се сомничи дека на 30 август 2023 околу 22:30 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје, со претходно противправно одземено патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на 25-годишен скопјанец, удрил во малолетничка од Скопје, по што излегол од возилото и го напуштил местото на несреќата.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде биле констатирани тешки телесни повреди, a подоцна им подлегнала на повредите.

Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а по преземени мерки и активности и добиени резултати од спроведените анализи е утврдено дека М.С. го управувал возилото за време на несреќата и во координација со јавен обвинител за него е пуштен распис.

Од МВР посочуваат дека од страна на Одделението за увид на сообраќајни незгоди, Единица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје против него ќе бидат поднесени пријави за кривично дело „Одземање моторно возило“ по член 242, „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ по член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Од  страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе бидат поднесени пријави и за сторени кривични дела „Тешка кражба“ по член 236 и „Кражба“, по член 235 од Кривичниот законик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На денешното рочиште за „Софтвери“, сослушани сведоци на предлог на одбраната

Редакција

Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на бебето во Охрид

Редакција

Анализа на ИФИМЕС: Бугарски „десант“ на Македонија со пари од ЕУ

Редакција