Патнички авион на компанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“ со 132 лица се урна денеска во јужна Кина, соопштија кинеските воздухопловни власти.
Државните медиуми јавуваат дека падината каде паднал авионот е во пламен, бројот на жртвите засега не е познат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Во Кина се урна патнички авион со 133 патници
Авион од типот „Боинг 737“ што летал од Кунминг за Гуангжу „го загубил воздушниот контакт над градот Вужоу“ во јужниот регион Гуангкси, соопшти Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC) во онлајн соопштение.
RIP Mu5735 plane crash – 133 people on board #planecrash #mu5735 #boeing pic.twitter.com/03TIp7XCoJ
— Hing Kan (@hingkan88) March 21, 2022
„Во моментов, потврдено е дека авионот на тој лет се урнал“, соопшти CAAC, додавајќи дека била активирана процедурата за реакција при итни случаи и „е испратена работна група на местото на настанот“.
Авионот превезувал 123 патници и девет членови на екипажот, соопшти CAAC.
Претходниот извештај на државните медиуми соопшти дека во авионот имало 133 лица.
Државната телевизија „Си-Си-Ти-Ви“ објави дека авионот се урнал во округот Тенг во близина на Вужоу и „предизвикал пожар на планината“, цитирајќи го провинциското биро за управување со вонредни состојби.
Најголемата авионска несреќа во Кина се случи во 1994 година кога при пад на авион на „Чајна Нортвест Ерлајнс“ загинаа сите 160 патници.
МИА