еМагазин
Image default
Бизнис

Веќе се работи на тоа да секое домаќинство и деловен субјект да може да постави фотоволтаик на својот покрив, вели Ковачевски

Во фаза на изработка се законските решенија со кои ќе се овозможи граѓаните да произведуваат електрична енергија на нивните покриви и да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Како што истакна при денешната посета на компанијата „Витаминка“ во Прилеп, веќе се работи на обезбедување на либерализиран пристап за да може секое домаќинство во државата да инсталира фотоволтаични системи, а се подготвува и закон со кој ќе се олесни постапката за инсталирање на фотоволтаични системи на покривите на домаќинствата и на индустриските објекти.

-Дополнително во план е да се зголеми и моќноста на системите, која во моментов е 4 киловати да стане 6 киловати за домаќинствата, а за деловните субјекти од постојните 20 киловати без лиценца на 40 киловати со лиценца, а над тоа со вадење на лиценца да можат неограничено да поставуваат во зависност од можноста што има ја дава просторот и условите за поврзување на дистрибутивната електроенергетска мрежа, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

Покрај тоа, додаде, со правилникот за поврзување, кој е во подготовка, ќе се овозможи дистрибутерите на електрична енергија да ја преземаат произведената електрична енергија од домаќинствата по цена по која дистрибутерот ја презема од државниот производител на електрична енергија.

-Третата промена е да може електричната енергија на најлесен можен начин да се разменува за што веќе се подготвува подзаконски акт во Министерството за финансии со кој ќе биде овозможено воведување на даночен застапник, по примерот на западно европските држава, за да може откупувачот на електричната енергија да издаде фактура за домаќинствата, бидејќи тие не се даночни обврзници, и со тоа да се овозможи размена на електрична енергија и соодветно третирање на ДДВ, појасни Ковачевски.

Со последната одлука на Влада, една од мерките за справување со кризата со енергија и гас, е олеснување на процедурата за поставување на фотоволтаици.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Тетово нема да се произведуваат електрични автомобили, ракинат договорот со компанијата “е.ГО“

Редакција

ЈП Водовод Куманово склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 609 илјади евра

Редакција

Томе Волкановски на местото на Доне Таневски во Надзорниот одбор на ТТК Банка

Редакција