еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) ЕУ ѝ ветува на Украина забрзано членство: Фон дер Лајен на Зеленски му врачи прашалник

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денеска му вети на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека првите чекори на Украина кон членството во ЕУ ќе бидат забрзани.

Шефицата на ЕК на украинскиот претседател му врачи прашалник што ќе биде појдовна точка за ЕУ ​​за одлуката за членството на Киев.

– Нема тоа да биде, како што е вообичаено, прашање на години за да се формира мислењето, туку мислам дека ќе биде прашање на недели, рече таа.

Зеленски кажа дека ќе се врати со одговорите за една недела.

Фон дер Лајен укажа и на важноста на санкциите против Русија поради инвазијата на Украина.

– Русија ќе потоне економски, финансиски и технолошки, додека Украина маршира кон европската иднина, јас го гледам тоа, рече фон дер Лајен.

Фото/видео: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН: Над 338.000 Палестинци принудени да ги напуштат домовите во Газа

Редакција

Оштетена црквата Св.Атанасиј во Тетово, искршени и сите прозорци

Редакција

(ВИДЕО) Пендаровски: Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите

Редакција