еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Видео) Испиша историја: Ѓоковиќ го освои Вимблдон по седми пат

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска победи на Вимблдон по седми пат, откако во финалето го победи Ник Кирјос со 4:6, 6:3, 6:4, 7:6.

За Џоле ова е четврта титула по ред на најпрестижниот и најстариот тениски турнир.

Тој сега има 21 гренд слем титули, една помалку од Рафаел Надал и една повеќе од Роџер Федерер.

Со денешната победа, Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата кој има освоено два различни гренд слема по седум или повеќе пати. Џоле има и девет победи на Австралија опен.

Фото/видео: Твитер/Вимблдон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изјавата на еврокомесарката Кос за уставните измени, личи на директно мешање во внатрешните работи, вели Сиљановска Давкова

Редакција

(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на општина Аеродром за набавка на гориво вреден 36.000 евра

Редакција