Астронаутите од мисијата „Артемис 2“ на американската агенција за вселенски истражувања – НАСА, кои испишаа историја откако отпатуваа најдалеку од Земјата, се вратија дома.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Испишана историја: Човекот отпатува најдалеку од Земјата
Капсулата „Орион“ безбедно помина низ атмосферата на Земјата и слета во Тихиот Океан покрај брегот на Калифорнија, по речиси 10 дена во вселената.


„Орион“ стигна до Тихиот Океан по напнато 13-минутно спуштање низ атмосферата на Земјата, при што термичкото триење ја зголеми температурата на надворешната површина на вселенското летало до дури 2.760 степени Целзиусови.
Мисијата „Артемис“ следната година се враќа на Месечината, а крајната цел е долгорочно човечко присуство таму преку база, што треба да послужи како појдовна точка за идно истражување на планетата Марс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Месечината каква што никогаш не сте ја виделе: НАСА објави историски фотографии
Фото/видео: НАСА














