еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(ВИДЕО) Сведоштво на Лулзим Сулејмани, еден од преживеаните во несреќата кај „Струма“: „Се уште сум во шок, не можам да спијам, сликите од трагедијата ми се вртат во глава“

„Му благодарам на Господ што паметот ми беше во глава, го најдов чеканот и го скршив стаклото. После мене излегоа уште шест други,“ вака Лулзим Сулејмани, кој е еден од преживеаните во несреќата кај „Струма“ сведочи за ТВ21.

Тој вели дека се уште е во шок, не може да спие, а сликите од трагедијата постојано се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање.

Сулејмани додава дека на патувањето си поминал убаво, се до моментот кога ги видел страшните слики од запалениот автобус.

„Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој не водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа два и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така”, изјави Сулејмани.

Фото/видео: ТВ21

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска променливо облачно време, попладне дожд и грмежи

Редакција

Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

„Фајненшл Тајмс“: На Северна Македонија и е неопходен попис на населението

Редакција