еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Видео бим падна врз модераторка на „Преспа форумот“ за време на дебата

Синоќа на „Преспа форумот за дијалог“, кој се одржува во Струга, падна видео бим врз модераторката Валбона Зенели за време на дебата.

Камерите го регистрираа инцидентот:

Панелот потоа продолжи, а од Министерството за надворешни работи информираа дека кусиот прекин на отворањето на “Преспа форумот за дијалог“ се случил поради невремето и силниот ветер кој го оштетил панелот од сценографијата, што резултирало со прекин на активностите.

-Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи со предвидената агенда. Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика, утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки.

Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим, соопшти МНР.

Фото/видео: Влада/ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд е за да се покаже заедничка историја со Бугарија до 1944, вели историчарот Панов

Редакција

Општина Струмица склучи договор со “Универзал градба“ вреден 499 илјади евра

Редакција

Сведочењето на обвинителот од СЈО, Бурим Рустем за „Рекет“ одложен за утре

Редакција