еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Викендов зголемена облачност, в недела попладне дожд

Времето денеска е претежно сончево и потопло со слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. УВ-индексот е 9.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот наместа ќе има зголемена облачност.

В сабота температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а в недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има благо опаѓање на
температурата особено во северните делови.

Во вторник ќе има зголемена облачност, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не очекува релативно поблага зима, со повеќе шанси за снег во втората половина

Редакција

(Фото) Синот на Амди Бајрам на својот наследник за роденден му подари порше

Редакција

Кај 73,6% од починатите од Ковид-19 регистрирани претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест и дијабет

Редакција