еМагазин
Image default
Свет

Висок ризик од мини додека жителите бегаат од Херсон поради поплавите во јужна Украина

Пробивањето на голема брана во јужна Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).

Како што јави Би-би-Си, Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на МКЦК, предупреди дека мините исфрлени во поплавата предизвикаа голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат да помогнат.

– Знаевме каде се опасностите. Сега не знаеме. Сè што знаеме е дека тие се некаде низводно. Страните во конфликтот не го објавија бројот на мини што ги поставија. Само знаеме дека бројот е огромен, предупреди Толефсен.

Наталија Хумениук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, изјави дека „многу противпешадиски мини (во областите заземени од Русите) сега станаа пловечки мини“.

– Тие претставуваат голема опасност, рече таа, објаснувајќи дека најверојатно ќе експлодираат доколку се судрат или удрат во нешто.

Илјадници луѓе веќе се евакуирани од делови на регионот Херсон, бидејќи водата продолжува да навлегува низ реката Дњепар, која ги дели териториите контролирани од Русија и Украина.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уривање на браната Каховка која го снабдувала со вода Крим, кој беш анектиран од Русија во 2014 година и е во област што украинските сили сакаат да ја ослободат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По уништувањето на браната Каховка, полињата во Херсон би можеле да станат пустина

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Разбиен „суперкартелот“ одговорен за третина од кокаинот во Европа

Редакција

Египет отвори телефонска линија за туристи

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Болници во Газа станаа масовни гробници, меѓу закопаните и пациенти од интензивна нега

Редакција