еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Да договориме датум за избори, само со нова Влада државата ќе излезе од криза

И самиот Ковачевски е свесен дека не може да ја извади државата од криза, нека не го слуша Заев – Ајде да договориме датум за избори, велат преку соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија се наоѓа во неколку кризи, енергетска, која е предизвикана од криминалот и неспособноста на раководните лица во енергетиката и владата, економска, која е резултат на ненавременото планирање, неспособноста и криминалот.

И двете големи кризи се резултат на СДСМ и ДУИ. И тие не можат да бидат решение. Зошто не знаат, и немаат план.

Во енергетиката имаме скап гас, скапи горива, затоа што власта не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50%, поскапа струја и недостаток на домашно производство кое се компензира со екстра скап увоз.

Во економијата имаме инфлација и дуплиран јавен долг,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дедка ВМРО-ДПМНЕ нуди и четири тима од експерти кои ќе помогнат државата да се справи со последиците од кризата.

„Само со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ водена од луѓе експерти, луѓе од народот, државата ќе излезе од кризите во кои не втурнаа СДСМ и ДУИ,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска препорачува финансиска ревизија на Агенцијата за млади и спорт

Редакција

Убава вест: Оздравени нови 11 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.705

Редакција

Убава вест: 284 оздравени од Ковид-19

Редакција