еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ: Тајни имоти и во град Скопје, директорите на средни училишта кријат имот

ВМРО-ДПМНЕ објави нови имиња од аферата “Тајни имоти“, која ја отвори партијата.

“Тајни имоти и во град Скопје, директорите на Арсовска и СДС кријат имот.

Немаат јавно објавени анкетни листови и пријавен имот Силвана Кржовска, директорка на СУГС “Јосип Броз Тито“, која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС “Орце Николов“, Горанчо Николовски, директор на АСУЦ “Боро Петрушевски“, Тања Јовановска, директор на СУГС “Васил Антевски Дрен“ и Маја Салиу, директор на СМУГС Д-р. “Панче Караѓозов“.

Дали овие лица се дел аферата тајни имоти?

Што кријат директорите на овие средни училишта под јурисдикција на град Скопје? И зошто не го пријавиле својот имот на увод на јавноста?

Што презема ДКСК, и дали ќе поднесат пријави за функционерите. Или ќе продолжат да ги штитат функционерите кои не ги почитуваат законите, како што го направија тоа со дезертерот Ковачевски?“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Објавени нови имиња од аферата на ВМРO-ДПМНЕ, “Тајни имоти“

“Немам поднесено анкетен лист“, вели Ивица Јевтиќ, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Каков имот пријавил Валентин Груевски, кој се спомнува во аферата „Тајни имоти“ на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема „бугароцентрично“ толкување на минатото: Нова реакција од македонскиот тим од историската Комисија

Редакција

Што пишува во биографијата на старо-новиот премиер Зоран Заев

Редакција

Казнети 208 граѓани за неносење маска

Редакција