еМагазин
Image default
Балкан

Во Албанија има недостиг на спасувачи по плажите, во последните години се удавиле 11 лица

Во Албанија до сега починати 11 лица кои се имаат удавено од недостиг на спасувачки екипи на плажите.

– Бројот на спасувачи е минимален а на одредени плажи и ги нема, објави информативниот сајт „Егзит“.

Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година, Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по спорт како сертифицирани спасувачи, но тие никогаш не беа распоредени.

Летото 2021 година, најмалку четири лица се удавија додека пливаа долж албанскиот брег. Претходните години беа забележани повеќе несреќни случаи во текот на целата сезона.

– Според одлука на владата, секое правно лице кое има концесија на површина на плажа мора да обезбеди спасител и набљудувачка кула, но тоа не се спроведува, велат од сајтот.

Роберт Нечаи, потпретседател на Албанската федерација на спасувачи, вели дека многу од смртните случаи можеле да се избегнат доколку имало спасувачи на соодветните плажи.

Последен ваков случај беше минатата недела кога се удави 19- годишно момче во обид да ги спаси помалиот брат (15) и неговиот другар.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Планира гасовод и нафтовод и до Македонија, Србија за 24 месеци ќе изгради нафтовод до Унгарија

Редакција

Во Србија се истражува еден случај кај дете, за кое постои сомневање дека има акутен хепатитис од непознато потекло

Редакција

Словенија го засилува полициското присуство околу училиштата со цел навремено откривање потенцијални насилни инциденти

Редакција